Првиот женски светски првак е Примеро Агосто

Првиот женски светски клупски првак е екипата на Примеро Агосто од Луанда, Ангола. Денеска во финалето на првиот женски Супер Глоуб што се одржа во Вукси, Кина, анголсккиот тим ја совладаа екипата на Кина Национал (27-22) и покрај ласкавата титула подигна и чек од 20.000 долари. 

Во мечот за бронзен медал, Конкордија од Бразил го совлада јапонскиот Омрон 35-32, петтото место го освои Кајзер од Казахстан, шеста беше Јингжу од Кина, а ќе остане запаметено и дека австралиска екипа запишала победа. Квинсленд беше подобар тим од Њујорк (19-17) во меч за седмото место. 

На екипата на Примеро Агосто, трката за првото место и беше значително ослеснета затоа што европските екипи една по една го откажаа учеството на Супер Глоуб. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk