Нов трансфер на поранешна ѕвезда на Металург

Јанко Божовиќ, прославениот австриски репрезентативец по една година мината во дресот на Емсдетен, направи нов трансфер и сега ќе биде дел од тимот што се склопува со цел да го врати во елитната Бундес лига некогаш славниот Гумерзбах. 

Јанко Божовиќ потпиша за Гумерзбах и ќе биде нивната артилерија во Втората по сила Бундес лига. Со него најверојатно ќе си имаме работа и во јануари, бидејќи очекуваме да биде дел од репрезентацијата на Австрија со која ќе играме на ЕП во Виена. 

Јанко Божовиќ својата сезона на кариерата ја одигра во дресот на Металург. Подредено за неговите шутеви, беше во конкуренција за најдобар стрелец на Лигата на шампионите. Потоа реши тоа да го наплати и од Металург замина во Ал Рајан, потоа во Спортинг, во Емсдетен за да заврши во Гумерзбах. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk