СУПЕР ГЛОУБ ЖЕНИ : Анголките топ фаворити

Кина е домаќин на првото издание на женскиот Супер Глоуб. Светско клупско првенство во организација на ИХФ. 
ИХФ се обидува да го освои источниот пазар, затоа и Кина ја доби улогата на организатор, но тоа има и свои недостатоци. Долгиот пат до градот Вукси и дваесетина пати помалиот награден фонд од машкиот Супер Глоуб ги предомислија европските екипи. Ѓер и Ростов веднаш одбија, Кристијансанд се предомисли во моментот кога дозна дека ќе треба сите играчи да се појават во амбасада на Кина за визи, по што ИХФ се откажа од натамошно барање на европски екипи за првиот женски Супер Глоуб. 

Така прв фаворит за пехарот стана екипата на Примеро Агосто од Ангола. Тие на овој турнир се предводени од данскиот тренер Мортен Субак (Освојувач на СП Србија 2013 како селектор на женската репрезентација на Бразил). 
Единствени што би можеле да им бидат вистинска конкуренција се Бразилките од Конкордија. Овие два тима се среќаваат во полуфиналето,
Јапонскиот клуб Омрон ќе се пресметка со кинескиот Кина Национал во другото пополуфинале. 


СУПЕР ГЛОУБ

Омрон (Јап) -Њујорк Сити (САД)  29:22 (14:9)
Кајзер (Каз) - Кина Национал (Кина)  21:24 (9:10)
Примеро Агосто (Анг) - Џангсу (Кина)   41:20 (23:11)
Конкордија (Бра) - Квинсленд  (Аус)  31:16 (16:9)

ПОЛУФИНАЛЕ:
Омрон - Кина Национал
П. Агосто - Конкордија

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk