Каква боја ќе биде Еурофарм Пелистер?

Фузијата на двата битолски клуба е на добар пат да биде реализирана. Битолчани не сакаат да го користат терминиот фузија, затоа што беа два и ќе останат два клуба во Битола.
Но, доколку Пелистер настапи во ЛШ и СЕХА, а воедно сака да го задржи и своето славно минато, тогаш ќе мора да прифати и дека се работи за фузија со Работник. 

Новиот клуб а тоа е практично Работник ќе ги облече дресовите на Пелистер. Еурофарм Пелистер ќе го има логото на Пелистер, но најавата беше дека ќе биде сино-бел, затоа што така бил пријавен за ЛШ. На ова реагираа и „Чкембарите“, со најава дека нема да одат да гледаат сино-бел тим.

Според наши информации, не би требало воопшто да биде проблем податоците во ЕХФ да се променат и да биде пријавено зелено-бела боја за официјална боја на клубот.
Уште повеќе, тоа би требало да можат и самите да го променат затоа што секој клуб треба да има пристап до својот профил во ЕХФ базата. 

Останува да видиме како ќе изледа новата управа на клубот и со какви бои ќе се решат да играат следната сезона. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk