Новинар ќе го води Железничар

Нишки Железничар не е македонски клуб. Но, покрај нивната ланска епизода во СЕХА, врската со нам добро познатите Јошко Петковиќ и Веселин Вујовиќ, ехем, за волја на сите онакви душички и Левче Китевски и Иван Шмигиќ, Жељо некако и наш стана. 

Се растури таа приказна на најлошиот начин. Вујо место реклама стана анти-реклама, загубија на сите фронтови, се распаднаа. Но, не ги снема. 

Вест што не разгали е дека Жељо, пак, нешто се обидува да направи, а и дека има нов генерален секретар. Душан Јоциќ, човек за кој грев ќе те фати ако кажеш нешто лошо. Јоциќ е спортски новинар што никогаш не се сокрил кога сме го барале. Трошел време и ресурси и без оправдување бил.. еве сум. Ова го потенцираме од агол на 20 годишно искуство и безбројни новинарски средби.

Јоциќ верува дека е дојден до момент да се качи на таа другата скала. Вели дека има енергија, идеја и му треба малку поддршка. Ниш може да одбере, дали дака да биде приказна или „приказна“. Сега треба да му се даде шанса тоа што го знае да го претвори во пракса.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk