Токио 2020: Медалите се од рециклирани мобилни телефони

На точно една година до стартот на Олимписките Игри во Токио, организаторот ги претстави медалите што ќе бидат доделувани на најдобрите спортисти. 

Се очекува околу 5.000 медали да бидат доделени на Олимписките и Параолимписките игри, а сите тие се изработени од електронски отпад. 

Мобилни телефони и друг ситен електронски отпад користеа еко-свесните Јапонци во овој проект. Околу 80 илјади тони електронски отпад беше искористен за да се добие 33 кг злато, 3,500 кг сребро и 2200 кг бронза. Над 6.000.000 мобилни телефони биле рециклирани во процесот. 



„Се надеваме дека нашиот проект и нашите напори за рециклирање на мали електронски апарати за поздрава околина ќе биде вистинското наследство што го оставаме по ОИ“, се вели на сајтот на организарот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk