Син Пелистер нема да види Чкембари на трибина

Пелистер утре ќе биде продаден на компанијата Еурофарм, по што ќе почне фузијата со клубот Работник од која како финален производ, Пелистер треба да ја преземе сегашната силна и позиција на Работник, односно Работник да ја добие традицијата, резултатите и навивачите на Пелистер. 

Накратко, во силниот клуб каде заеднички ќе работата општината и Еурофарм ќе треба да бидат сите добри страни од двата клуба, а во вториот колектив - небитно, тој нема да биде резултатски амбициозен. 

Но, на хартија работите мора да се дефинираат, затоа што оваа фузија има оставено клаузула по која секој може по својот пат да си замине еден ден. 

Нејсе, седницата на Советот на општината Битола ја следеше и навивачката група на Пелистер - „Чкембари“. За нив оваа фузија е прифатлива, но имаат услов.

Нас ни се битни името, грбот и боите на клубот. Еве ќе прифатиме во интерес на доброто на ракометот во Битола, името Еурофарм да биде пред Пелистер. Грбот останува. Но, нема да прифатиме сино-бела боја. Нашиот клуб, нашите песни, нашите транспаренти се зелено-бели. 
Знаеме дека во ЛШ клубот е пријавен како сино-бел. Но, секој клуб има две гарнитури. Инсиститраме на тоа сите домашни натпревари клубот да ги игра во зелено-бела боја. 
Син Пелистер нема да види Чкембари на трибини
“; изјави претставникот на Пелистер на состанокот на Советот на општина Битола. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk