КАДЕТСКО СП: Нема кратење на списокот до последен момент

Македонската кадетска репрезентација денеска ја заврши претпоследната фаза од подготовките за Светското првенство што на 6 август почнува во Скопје. 

Македонските кадети одработеа две фази, по една во Струга и на Маврово, а денеска се симнаа од планинската база и одново се во Скопје. 

Данило Брестовац на располагање има 20 ракометари и нема да се откаже од ниту еден од нив. Евентуално ќе мора, затоа што во ростерот за натпревар има место само за 16, но последното кратење ќе биде на техничкиот состанок пред почетокот на СП. 
Како и да е, четирите играчи што нема да играат против Аргентина, остануваат во тимот до крајот на првенството и ако има потреба од резервниот состав веднаш ќе влетаат на терен. 

Македонија првиот меч го игра против Аргентина, во „Борис Трајковски“ на 6 август од 20:30 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk