Како ќе изгледа битолската фузија?

Советниците од општина Битола, денеска ја разгледуваат опцијата компанијата Еурофарм да ги откупи 100 % акциите од РК Пелистер и заедно со постоечкиот Е. Работник да формираат, два колектива од кои едниот ќе биде заедничкиот репрезент, клубот што ќе се натпреварува во ЛШ и СЕХА, а вториот ќе биде тим каде ќе се произведуваат кадри за првата екипа, битолска верзија на тоа што се Вардар Јуниор и Металург 2. 

Објавена е и платформата за „Ракометна Битола“ во која е содржана понудата на Еурофарм за купување на акциите на Пелистер...



Идејата е убава, доколку се реализира Битола одново ќе има силен тим за кого ќе навива целиот град, а не како сега поделени на два табора од кои едниот има минато, традиција име и навивачи, другиот иднина и резултати. 

Малку доцна доаѓа разврската на оваа приказна која неколку години е актуелна. Доцна во смисол административно се да биде средено навреме. Затоа следната сезона ќе имаме хибриден клуб доколку конечно, дојде до реализација, а ќе се отворат и неколку прашања што ќе мора да се дефинираат до запирка. 

Годинава во пракса би добиле силен заеднички тим и негов сервис. Работник е клубот што има обезбедено ЛШ, а Пелистер ЕХФ Куп. Тоа значи дека Пелистер ќе се додаде на Е. Работник за да се задржи местото во СЕХА и ЛШ. Вториот клуб, односно стариот Пелистер ќе одигра едно коло во ЕХФ Куп, а потоа ќе продолжи да биде сервисниот клуб. 
Новиот прв клуб ќе се вика Еурофарм Пелистер, а вториот клуб ... Е. Работник или слично. Значи одново два субјекта. 

Но, Пелистер има богата историја, пехари во сопственост... Кој ќе ја наследи таа историја? За трансформацијата да биде комплетна ќе треба и многу документација и многу административни работи да се средат. Дотогаш... 
Новиот клубот ќе го носи логото на Пелистер , но ќе биде ли сино-бел? 

Јасно е нагласено дека е отворена врата некогаш во иднина повторно да се разделат. Во тој случај секој ќе си го земе своето...Самите се свесни и го ставиле тоа како опција. Чии ќе бидат резултатите на новиот клуб ако дојде до такво нешто? Што ќе се случи ако вториот клуб испадне од Супер лига, а во првиот решат да се разделат.
Ова воопшто не е невозможно затоа што во февруари ќе дознаеме како ќе изгледа следната Супер лига во која можеби ќе има кратење. 

Ништо од ова не е нерешлива работа, ако професионално се пристапи кон средување на сите отворени прашања и се биде регулирано на хартија. Очекуваме наскоро и одговори од Битола, можеби соопштение или прес конференција на која ќе може да се постават прашањата на вистинското место. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk