Словенецот си замина од Металург

По седум сезони минати во „Автокоманда“ од кои дел во Металург 2, дел во Металург, словенечкото крило Тадеј Матијашиќ си замина од Металург и следната сезона ќе го носи дресот на словенечкиот клуб Копер.

Матијашиќ е играч чија улога долго беше своевидна мистерија за ракометните фанови во Македонија, со оглед на тоа дека дојде во клубот во времињата кога Металург беше најсилен. 
Долго се калеше во втората екипа, ненаметлив, но и позитивен лик кој повремено се наоѓаше во ростерот и на првата, но барем за првиот тим не стигна до статусот на стандарден, иако не е занемарливо ниту пак времето минато како член на првиот состав од „Автокоманда“. 

Годинава Металург има нов лик, а Матијашиќ дојде до моментот да одигра нов потег во својата кариера. Тоа го враќа назад во родната Словенија, каде Копер би требало да види бенефит од се што научил во Скопје. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk