Ангеловски си замина од Констанца

Прво како играч, потоа како директор, Бранко Ангеловски безмалку цела деценија мина во романскиот клуб Констанца. Беше таму кога клубот беше шампион, беше и кога беше исфрлен од лигата. Па одново се врати до ниво на шампион. Во добро и зло, со важна улога кога се носеа одлуките за потпишување на договори со македонски репрезентативци. 
Годинава е година на големи промени во Констанца, последната е заминувањето на Бранко Ангеловски 

„По два многу тешки и напнати денови, ќе ја искористам можноста да се простам од моето семејство во Констанца, од пријателите, играчите, навивачите...од сите вас!
Тука оставам многу добри луѓе, што девет години беа дел од мојот живот. Животот е полн со изненадувања, а заради такви изненадувања, морам да ги сменам моите планови. Некои одлуки во животот ги носиме самите, но не сите и не секогаш. 
Се гледаме во некоја наредна прилика“, напиа на својот профил Ангеловски.

Иако е животот полн со изненадувања како што напушал Ангеловски, виситинското изненадување ќе биде ако остане надовор од ракометот. Не веруваме дека ќе биде така, во Македонија се отвораат разни ракометни проекти, па сигурно ќе го видиме одново овде. Иако, за волја на вистината, тука условите што го нуди државата за работа во ракометот се далеку од тие на кои се навикнал во Романија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk