Танкоски со Металург на првиот тренинг

Од денеска во строј е и екипата на Металург. Тимот од „Автокоманда“ годинава нема да игра СЕХА, а по подолго време ниту во ЛШ, па целиот фокус ќе го има кон ЕХФ Куп и домашниот шампионат.

На првата прозивка се појавија сите ракометари што беа очекувани на тренинг. Го нема Грузиецот Кбилашвили кој поради проблем со виза, ќе се приклучи за два-три дена, а ги нема ниту кадетските репрезентативци кои се на Маврово и се спремаат за настап на СП. 



На првиот тренинг се појави и Марио Танкоски. Овој ракометар се уште води спор за раскин на договорот со Металург, но додека нема конечно решение од РФМ, тој е ракометар на Металург. 



Тренерскиот тандем е во „Автокоманда“. Дамир Стојановиќ денеска за прв пат се појави пред микрофоните на македонските ракометни новинари. 

„Целта е да го вратиме Металург таму каде што му е местото. Минатата година Работник изненади, годинава ние ќе се обидеме да возвратиме. 
Екипата е речиси комплетирана, реално ни недостасува лев бек. Ќе бараме некој поискусен играч, но нема да брзаме, нема потреба од тоа. Кога ќе се појави добра шанса ќе гледаме да ја искористиме, но нема по секоја цена веднаш да купуваме“, изјави Дамир Стојановиќ. 


Металург летово ќе гостува во Русија, на турнир во Чехов, а потоа ќе го чека 15 октомври кога ќе го дознае името на противникот со кого ќе се бори за влез во групната фаза на ЕХФ Куп. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk