ППД Загреб фрли око кон српскиот голман

ППД Загреб е клуб познат по тоа што не само што знае да пронајде и процени добар талент, туку на пример за разлика од македонските клубови, го знае и следниот чекор, а тоа е откако ќе ги искористи уште и да заработи на нив. И тоа добро. И патем да си направи имиџ дека е добра отскочна даска кон Бундес лигата, Франција и Шпанија.

Примери има многу, а ги ако споредуваме со македонските можеме само да си го расипеме денот. 

ППД Загреб будно го следеше Јуниорското СП и веќе си одбра примарна цел. Тоа е голманот на Металопластика, Тодор Јандриќ. 
Српскиот чувар на мрежата во Металопластика пристигна од шампионската Војводина. На мундијалот во Шпанија беше еден од клучните фактори кои и дадоа нота на надпросечна екипа на српската репрезентација. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk