Симовски одбра тим за ЕХФ Шампионатот

Селекторот на женската кадетска репрезентација, Симе Симовски го направи последното кратење на списокот на репрезентацијата по што останаа 17 ракометари со кои Македонија ќе настапи на претстојниот кадетски шампионат во Италија. 

Во составот на Симовски доминираат ракометарки од Вардар, дури 11 од нив, комплетирани се со играчи од Металург, Куманово, Пелистер и Стружанка. 

Македонија на ЕХФ Шампионатот што почнува на 3 август во групата за противници ќе ги има селекциите на Полска, Азербејџан, домашната Италија и Белорусија. 


СОСТАВ МАКЕДОНИЈА
Ана Марија Коларовска, Мирјана Петковска, Сара Миновска, Ивана Џатевска, Андреа Седлоска, Симона Грујоска, Катерина Дамјаноска, Ангела Костовиќ. Јована Трајковска, Ангела Гроздановска, Стефанија Ѓоргиевска (сите од Вардар), Марија Петреска (Стружанка), Анастасија Белевска, Ангела Јанкуловска (Пелистер), Мила Ѓоргиевска, Михаела Стојановска (Металург), Марија Јовановска (Куманово)


Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk