Миркуловски освои еден пехар

Екипата на Вецлар за која настапува македонскиот интернационалец Филип Миркуловски е победник на турнирот с-Куп.
Во финалето на турнирот, Вецлар и Гепинген одиграа нерешено (31-31), а потоа на пенали победи тимот на македонскиот ракометар (5-4). Миркуловски постигна еден гол, но не беше на списокот на играчи што шутираа пенали. 

На Вецлар предсезоната му тргна добро, а истото не можеме да го кажеме за екипата на Штутгарт. Жарко Пешевски турнирот го заврши на четвртото место со пораз од седум гола разлика од Битенхајм (26-33). Штутгарт практично игра со осум ракометари поради бројните повреди, но без разлика, сезоната што е пред нив ќе биде многу тешка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk