Кадетките со две победи се загреаја за ЕХФ Шампионат

Женската кадетска репрезентација на Македонија, следната недела во Италија ќе учествува на ЕХФ Шампионат на кој противници ќе и бидат селекциите на Полска, Белорусија, Азербејџан и домаќинот Италија. 
Турнирот ќе се игра во Лињано, град на јадранскиот брег, локациски меѓу Трст и Венеција. 

Македонските кадетки (У17), за настап на овој турнир се подготвуваа на Маврово, а вчера и денеска одиграа две контролни средби со селекцијата на Бугарија и запишаа две победи. 

Македонија по вчерашните 32-30, денеска запиша полесна победа, од 24-20. 

Македоија имаше предност од 13-9 на полувреме, а потоа на стартот на вториот дел со серија од 6-0 стигна до 19-9, потоа беше и 20-10. 
Потоа следеа комбинации со составот, опуштање, па Бугарките до крајот на натпреварот успеаја да анулираат шест гола од негативата. 

Ангела Јанкуловска со пет гола беше најефикасна, следена од Ивана Џатевска, па Стефанија Георгиевска која постигна четири гола, Седлоска беше стрелец на три... 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk