Вецлар супериорен, но виде мака со Пешевски

Во полуфиналето на С-Куп во Германија, вчера еден против друг играа Филип Миркуловски во дресот на Вецлар и Жарко Пешевски во дресот на Штутгарт. 

Неочекувано лесно, со преубедливи 37-21 славеше екипата на Вецлар и вечерва ќе игра во големото финале против Гепинген, додека Штутгарт утеха за поразот ќе бара на дуелот за трето место со Битенхајм. 

Германците вчера имаа можност да ја почувствуваат силата на Жарко Пешевски и неретко со пола тим мораа да  интервенираат за да го запрат македонскиот тенк. 
Но, за жал на Пешевски, неговата нова екипа има дури седум нови играчи во тимот, многу повредени ракометари на кои им е потребно воигрување и рехабилитација , и нема којзнае каков дистрибутер  на топки, додека Вецлар смени само два играча и им остана целиот тим од лани. Во голема мерка поради тоа лесно го решија мечот. 

Пешевски играше едно полувреме постигна само еден гол и изнуди најмалку три седмерци, додека Мируловски исто така постигна само еден гол. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk