Нигерија со македонски тренер доаѓа во Скопје

Репрезентацијата на Нигерија по пауза од три децении повторно се појави на ракометната мапа. Учествуваа на ИХФ Трофи на Косово, учествуваа и СП У21 Шпанија каде што запишаа и две победи. Првата беше по пауза од 38 години. На втората не чекаа ни три дена. 

Нигерија У19 е противник на Македонија во прелиминарната фаза на Светското кадетско првенство што ќе се одржи во Скопје од 6 до 18 август.
Нигеријците доаѓаат како третопласирана репрезентација од Африка. На тоа првенство беа декласирани само од Египет. Против Тунис запишаа само минимален пораз, а беа подобри од Алжир и Мароко, а тоа се резултати за почит. 

Нигерија на својата клупа има и тренер од Македонија. Кумановецот Александар Бојковски, овде помалку познат, но со резиме во кое е запишана тригодишна работа во Габон е повикан на помош. Бојкоски сезонава работеше во Куманово, а потоа и со Нигерија беше на ИХф Трофи на Косово каде што играа и загубија во финалето. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk