Нов договор за десниот бек

Противникот на Вардар на Супер Глоуб и во групната фаза од Лигата на шампионите, германскиот вице-првак Кил објави дека потпишал нов договор со германскиот репрезентативец Штефан Вајнхолд.

Вајнхолф во Кил дојде во 2015 година од редовите на Флензбург. Една сезона подоцна станаа новите херои на Германија откако го освоија Европското првенство во Полска, иако таму настапија практично со треттата постава на играчи. 

Потоа дојдоа и подобрите времиња за него во Кил, каде што следната сезона, а и двете што доаѓаат по неа ќе биде првиот избор на Кристијан Андресон. Посебно сезонава во која од Кил заминува Марко Вујин, играч со кого Вајнхолд и Рајнкајнд ја делеа минутажата. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk