Двајца македонски репрезентативци си отидоа од Вардар

Претстојната сезона во редовите на македонскиот и европскиот првак ќе има двајца македонски репрезентативци помалку. 
Стандардниот репрезентативец Мартин Поповски и репрезентативецот од поширокиот состав Марко Мишевски не ги почнаа подготовките со Вардар. 

Двајцата заминуваат, засега нема конкретна информација каде би ја продолжиле кариерата. Но, со оглед на резимето што го има Мартин Поповски и фактот дека за Мишевски постојано има(ло) заинтересираност од други клубови, не би требало да чекаме долго за информација каде продолжуваат. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk