Трансферите на Топ 16 клубовите од ЛШ

Со оглед на тоа дека најголемиот дел од екипите веќе ги почнаа подготовките и ростерите се повеќе-помалку затворени, сметаме дека е добар момент да направиме еден преглед на тоа како тргуваа најдобрите 16 екипи во Европа, учесниците во А и Б групите на Лигата на шампионите. 

Направени се неколку трансфери што можат да ја сменат ракометната карта. Трансферот на Лука Циндриќ го оценуваме како број 1 во Европа, а клупски, според нас, најдобро пазаруваше Веспрем. 

ТРАНСФЕРИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
ГРУПА „А“
ПСЖ
Дојдоа: Винсен Жерар (Монпеље), Камил Шипжак (Барса), Гудјон Валур Сигурдсон (РНЛ)
Заминаа: Тјери Омејер (крај на кариера), Уве Гензајмер (РНЛ), Робин Доурт (Ваљадолид), Лука Степанчиќ (Сегед)

БАРСА:
Дојдоа: Абел Сердио (Ваљадолид), Лука Циндриќ (Келце)
Заминаа: Камил Шипжак (ПСЖ), Жилберто Дуарте, Јанис Лене (Монпеље), Немања Илиќ (Тулуз)

ФЛЕНЗБУРГ
Дојдоа: Михал Јурецки (Келце)
Заминаа: Расмус Лауге (Веспрем), Тобијас Карлсон (крај на кариера)

АЛБОРГ:
Дојдоа: Мадс Кристијансен (Магдебург), Михелс Лаба (Алингсас), Бенјамин Јакобсен (Скјерн)
Заминаа:Александер Селмар (Хаслум), Јеспрем Минби (Драмен)

ПИК СЕГЕД:
Дојдоа: Роланд Миклер (Веспрем), Лука Степанчиќ (ПСЖ), Богдан Радивојевиќ (РНЛ), Миклош Роста (Татабања)
Заминаа: Марин Шего (Монпеље), Золт Балог (Татабања), Педро Родригез (Балатон)

ППД ЗАГРЕБ:
Дојдоа: Матеј Ашањин (Лудвигсхафен), Александар Шпенде (Металург), Марин Шипиќ, Анте Гаџа (Нексе), Кристијан Бекири (Целје), Дарко Стојниќ (Горење), Ненад Костески (Струга)
Заминаа: Урх Кастелиц (Гепинген), Тин Контрец (Гумерзбах), Сењамин Буриќ (Нант), Леон Шушња (Висла Плоцк), Грегор Поточник (Чурго), Ловро Јотиќ (Работник)

ЕЛВЕРУМ:
Дојдоа: Себастијан Хенеберг (Архус), Расмус Бојсен (Есбјерг), Торстен Фрис (Сондерјуске), Тобијас Грундал (Хаслум)
Заминаа: Сорен Тау (Холстебро), Хакум Екрен (Шербур), Траин Јонсон (Бјерингбро), Мортен Нергард (?)

ЦЕЛЈЕ:
Дојдоа: Вид Потеко (Мешков Брест), Патрик Лебан (Нексе), Домен Новак (Добова), Стефан Жабиќ (Марибор), Тобијас Цветко (Требње), Јан Гребенц (Скјерн), Милан Вујовиќ (Велење), Диого Силва (Порто)
Заминаа: Игор Аниќ (Сесон), Кристијан Бекири (ППД Загреб), Бранко Вујовиќ (Келце), Јака Малус (Мешков Брест), Вилијам Акамбре (Мешков Брест), Јан Јуречиќ (Данкерк), Рок Овничек (Нант), Драшко Ненадиќ (?), Аљаз Пантјар (Горење)

ГРУПА „Б“

ВАРДАР
Дојдоа: Павел Атман (Хановер), Жозе Толедо (Висла), Сергеј Горпишин (Ерланген), Артурс Кугис (Гросвалштат), Димитар Димитриоски (Металург), Домен Сикошек (Брук)
Заминаа: Рожерио Мораеш, Вуко Борозан (Веспрем), Игор Карачиќ (Келце), Дејан Милосављев (Берлин), Глеб Калараш (Мотор), Димитри Кисељов (Ч. Медведи), Јања Војводиќ (Баја Маре), Владо Недановски (крај на кариера), Мартин Поповски (?)

ВЕСПРЕМ
Дојдоа: Вуко Борозан, Рожерио Мораеш (Вардар), Расмус Лауге (Флензбург), Владимир Цупара (Келце), Павел Пачковски (Мотор), Омар Калед (Замалек), Мартин Шекели (Татабања), Зита Золтан (Балатон), 
Заминаа: Роланд Миклер (Сегед), Рене Тофт Хансен (Бенфика), Ласло Наѓ, Момир Илиќ (Крај на кариера)

КЕЛЦЕ:
Дојдоа: Игор Карачиќ (Вардар), Андреас Волф (Кил), Бранко Вујовиќ (Целје), Матеуш Корнецки (Жабже), Ромарик Гиљо (Нант), Томас Гебала (Висла), Дорук Пеливан (Маргаретен), 
Заминаа: Владимир Цупара (Веспрем), Филип Ивиќ (Гумерзбах), Михал Јурецки (Флензбург), Бартоломеј Бис (Жабже), Марко Мамиќ (Лајпциг), Лука Циндриќ (Барса)

МЕШКОВ БРЕСТ
Дојдоа: Бранко Канкараш (Истрес), Јака Малус (Целје), Вилијам Акамбре (Целје), Никита Вајлупов (СКА Минск), Даниел Андрејев (Вилшемхавенер), Немања Обрадовиќ (Висла), Марко Паниќ (Азоти)
Заминаа: Симе Ивиќ (Ерланген), Вид Потеко (Целје), Павел Хорак (Кил), Петар Ѓорѓиќ (Бенфика), Денис Рутенка (СКА Минск), Андреј Јашчанка (Билер), Сергеј Шилович (СКА Минск), Валентин Куран (Кањас)


МОТОР
Дојдоа: Глеб Калараш (Вардар), Данер Јаанима (Либек), Станислав Жуков (Гумерзбах), Стефан Вујовиќ (Констанца), Павел Гурковскиј (Калараш), Ихор Хирун (Донбас), Едуард Кравченко (Запорожје), Владислав Паровинчак (Запорожје)
Заминаа: Жарко Пешевски (Штутгарт), Павел Пачковски (Веспрем), Алексеј Шинкељ (Балатон), Антон Терехов (Погод Шчечин), Евгениј Буњенко (?)


МОНПЕЉЕ
Дојдоа:Марин Шего (Сегед), Хуго Дескат (Динамо Букурешт), Жилберто Дуарте (Барса), Кевин Бонфоа (Нант), Јанис Лене (Барса)
Заминаа: Мохамед Мамду (Динамо Букурешт), Жан Луп Фостин (Шамбери), Баптист Бонфоа (Екс Прованс), Тофил Косе (Иври), Винсен Жерар (ПСЖ), Мишел Гигу (Нимс), Вид Кавтичник (Екс Прованс)

ПОРТО
Дојдоа:/
Заминаа: Диого Силва (Целје), Леандро Семедо (Анаитасуна)

КИЛ
Дојдоа: Дарио Квинстед (Магдебург), Павел Хорак (Мешков Брест)
Заминаа: Андреас Волф (Келце), Марко Вујин (крај на кариера*), Себастијан Фирнхабер (Ерланген)

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk