Познато име кај противникот на Пелистер

Екипите на Беса од Косово и Винтертур од Швајцарија ќе се сретнат во првото коло од ЕХФ Куп на стартот на следната евро-сезона.
Победникот од овој меч, во следното коло ќе се сретне со екипата на Пелистер од Битола. 

Косовскиот тим сериозно се заангажира во преодниот рок. Нивните редови ги засилува еден од најдобрите ракометари на БиХ во моментов, Никола Прце. Босанскиот бек заминува од екипата на Азоти Пулави од Полска и ќе ја засили Беса. 

Во редовите на овој клуб игра и еден бивш ракометар на Вардар, Анте Кукрика од Хрватска. Јон Мичоли, јуниорскиот репрезентативец со најдобра статистите од косовскиот тим од мундијалот во Шпанија (У21) исто така е дел од оваа екипа.
Дали тоа ќе биде доволно за да ги изненадат Швајцарците, ќе дознаеме наскоро. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk