ЈУНИОРСКО СП: Египет е летниот хит

По четири одиграни кола на Светското првенство во Шпанија, за ракометари до 21 година најсилен впечаток остави селекцијата на Египет. Не само затоа што имаат четири победи, туку затоа што една од тие четири победи е над Шведска и тоа со резултат 32-22! 
Еден ден подоцна истата таа Шведска беше без проблем подобра од моќната Франција. Утре на терен се Франција против Египет. 


Србија одигра добар натпревар на Јуниорското СП, иако на крајот беше поразена од Шпанија. Впечатокот го расипаа веднаш по поразот откако ги обвинија судиите, фактот дека Шпанија е домаќин итн. 
Денеска Србија игра против Словенија, шанса да докажат дека навистина на мечот со Шпанија биле оштетени. 

Првенството заврши за француското лево крило Гаел Трибилон заработи делумна руптура на ахиловата тетива и ќе паузира најмалку два месеца. 
Првенството заврши и за најдобриот шпански плејмејкер, Тарафета. И тој мораше предвреме да излезе од составот на домашната репрезентација. 

Нигерија слави историски ден за ракометот. Запишаа победа по 38 години. Нигерија (35-21) беше подобра од Австралија. Последен пат Нигеријците имаа победа на Јуниорско СП, во 1981 година. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk