Полуфинале за Начевски и Божиновски

Младата судиска двојка од Македонија, Виктор Начевски и Даниело Божиновски утре ќе го суди својот најголем меѓународен натпревар.

Начевски и Божиновски се номинирани да ја делат правдата на полуфиналниот натпревар од ЕХФ Шампионатот меѓу Србија и Украина што се игра на турнирот во Варна.

Тоа е чекор напред во однос на минатата година кога судеа на Машкиот шампонат до 18 години во Австрија, а најдоброрангиран меч им беше дуелот во разигрувањето 5-8 место меѓу Словачка и Украина. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk