Извиѓач пак испадна од СЕХА

Најсилната СЕХА Гаспром е спремна за старт. По премногу одлоговлекувања денеска беа потврдени учесниците и беа соопштени групите. 
Системот бее познат и не беше ниту многу тешко да се предвиди кој со кого ќе биде во група. Остана само влегувањето на Татабања да биде кажано на глас, а воедно и да се официјализира која екипа нема да игра во СЕХА следната сезона. 

Мотор беше неизвесен, но Украинците ќе играат. Екипата со малерозниот број 13 е Извиѓач од БиХ. Тие по втор пат излегуваат од СЕХА Гаспром. 

И ова беше за очекување. Извиѓач не се пријави за европските купови, а локалните медиуми најавуваа дека финансиски се толку слаби што нема да можат ни СЕХА да играат. На крајот, коцките сами се наредија и Извиѓач ќе чека некоја нова шанса и нова покана. 

Што се однесува до групите, Вардар се размина со Веспрем, Загреб и Мешков Брест. Тие ќе играат со Работник, додека Татабања, Мотор и Татран се во група со Вардар.
Шампионатот почнува на трети септември.

Group A: 
HC Vardar (MKD)
HC Nexe (CRO)
HC Tatran Presov (SVK)
HC Vojvodina (SRB)
HC Grundfos Tatabanya (HUN)
HC Motor Zaporozhye (UKR)

Group B:
HC PPD Zagreb (CRO)
HC Meshkov Brest (BLR)
HC Eurofarm Rabotnik (MKD)
HC Metaloplastika Sabac (SRB)
HC Telekom Veszprem (HUN)
HC Beijing Sport University (CHN)
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk