Металург се договори со Пецаковски

Металург е на прагот да ангажира уште еден ракометар, добро познат на македонската јавност. Дејан Пецаковски по четврти пат во својата кариера ќе го облече дресот на суперлигашот од Автокоманда. 

Пецаковски и Металург постигнале договор, за една сезона, а потпис и официјализирање на договорот е нешто што е закажано за утре. Доколку нема никакви промени, Металург по Даниел Ѓоргески ќе го добие и второто македонско засилување. 

Дејан Пецаковски (33) за Металург настапуваше 2005-06, 2007-08 и 2013-14. Потоа замина во Макс Струмица, па во Клуб Африкан од Тунис, а во 2016 се врати во Македонија во Работник. Таму беше се досега.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk