ЧСМ не ја пушта Морк да игра за Норвешка

Нора Морк се повреди додека настапуваше за репрезентацијата на Норвека и повеќе од една година бее надвор од теренот. 
Во меѓувреме направи трансфер од Ѓер во ЧСМ Букурешт, иако Романците знаеја дека купиле повреден играч. 

Првата одлука на новиот тренер на ЧСМ, Томас Риде, е да не ја ослободи Морк за време на летните настапи на Норвешка. ЧСМ нема таква обврска и веднаш им даде до знаење на Норвежаните дека оваа сезона за Морк во преден план треба да биде клубот, а не репрезентацијата. 

Норвежаните ја прифатија одлуката со разбирање, но ќе видиме како ќе биде кога ќе дојде ноември и кога ќе треба репрезентацијата да се подготвува за СП Јапонија. Тогашѐ и ЧСМ ќе биде обврзан да ја ослободи, па се ќе зависи од Нора Морк и условите под кои се договорила со ЧСМ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk