Харис Плех си замина од Пелистер

Босанскиот интернационалец Харис Плех кој минатата сезона го бранеше голот на Пелистер нема да биде дел од битолскиот клуб следната сезона. 

Харис Плех се реши Битола да ја замени со еден од најубавите и најатрактивни острови во Португалија и следната сезона ќе стои на голот на Хорта. 

Пелистер на крајот на сезоната се раздели со Даниел Ѓоргески, сега го губи и Харис Плех и во пресрет на стартот на подготовките се наоѓа во мошне неповолна ситуација. 

Настрана тоа, се чека и разврската со продажбата на клупските акции на Еурофарм и нивното најавено фузирање. Во меѓувреме Пелистер се пријави и за ЕХФ Куп, доби потенцијален противник, па ќе мора да игра во ЕХФ Куп или ќе се соочи со казни од ЕХФ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk