ПРЕГЛЕД СП У21: Снема магија кај Португалија, видоа мака и фаворитите

И покрај фантастичната партија на новиот играч на Целје, Диого Силва (13/14) и солидната на Луиш Фраде, Гончало Виеира и Андре Гомез, ланското изненадување, полуфиналистот од ЕП, Португалија, запиша пораз. 
Бразил со 35-30 ги совлада Португалците, а Силва, Пачеко и Брага го водеа бразилскиот тим до големата победа. 

Интресен факт е дека Германија со Аргентина, Исланд со Чиле и Шведска со Кореја имаа проблеми во првите 30 минути. Сите три репрезентации на крајот победија со убедлива разлика, но по првиот дел само по гол предност имаа Германците и Швеѓаните, додека Исланд беше во егал. 

Ниту Словенија со Тунис, ниту пак Хрватска со Косово немаа доминантни партии. а и Србија едвај со 21-19 славеше над Јапонија. Унгарија со Бахреин на полувреме имаше само плус три. 

Затоа, пак, Франција ја изрешета Нигерија, Египет си играше со Австралија, а домашната Шпанија ја торпедираше селекцијата на САД. 

Големото дерби го играа Данска и Норвешка, а победи Данска со гол на помалку од 10 секунди до крајот (32-31). Николаи Винтер со 11/12 гола беше ѕвезда на вечерта, покрај двата голмана. 

 
 
 
  Група  A ВК П Н Пор Г Б  
1. Словенија U21 1 1 0 0 32:25 2
2. Србија U21 1 1 0 0 21:19 2
3. Шпанија U21 0 0 0 0 0:0 0
4. САД U21 0 0 0 0 0:0 0
5. Јапонија U21 1 0 0 1 19:21 0
6. Tунис U21 1 0 0 1 25:32 0
Група Б   ВК П Н ПОР Г Б  
1. Францијa U21 1 1 0 0 48:19 2
2. Египет U21 1 1 0 0 44:17 2
3. Шведска U21 1 1 0 0 34:28 2
4. Ј. Кореја  U21 1 0 0 1 28:34 0
5. Aвстралија U21 1 0 0 1 17:44 0
6. Нигерија U21 1 0 0 1 19:48 0
  Група  C ВК П Н Пор Г Б  
1. Хрватска U21 1 1 0 0 23:17 2
2. Бразил U21 1 1 0 0 35:30 2
3. Унгарија U21 0 0 0 0 0:0 0
4. Бахреин U21 0 0 0 0 0:0 0
5. Португалија U21 1 0 0 1 30:35 0
6. Koсово U21 1 0 0 1 17:23 0
  Група D Вк П Н Пор Г Б  
1. Германија U21 1 1 0 0 43:25 2
2. Исланд U21 1 1 0 0 26:19 2
3. Данска U21 1 1 0 0 32:31 2
4. Noрвешка U21 1 0 0 1 31:32 0
5. Чиле U21 1 0 0 1 19:26 0
6. Aргентина U21 1 0 0 1 25:43 0
 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk