Србите се скараа на првиот состанок

По цела година бркање административни процедури, српските клубови, учесници во Супер лигата формираа своја Асоцијација (АРКУС). 
Одбраа органи, назначија претседатели, менаџери и директори и ... се скараа на првиот состанок. 

Проблем стана кога беше назначен помошник на директор на лигата за судење. Веднаш си покажаа друго лице и на гласање на Вибер одредиле дека судиите ќе се делегираат со ждрепка. 

По ова, веќе следниот ден, Милан Ѓукиќ (фото), претседателот на УО, поднесе оставка. 

Со оглед на тоа дека Ѓукиќ (Војводина) беше главниот што обезбедуваше спонзори и ги бркаше сите работи околу Аосоцијацијата, оставката брзо ги олади сите мудри глави по клубовите. 

Следниот ден (денеска), на нов неофицијален состанок оставката не му е прифатена, па можеби асоцијацијата и ќе заживее. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk