Бутел и Пелистер добија траса за Европа

2. КОЛО ЕХФ КУП 

БУТЕЛ - ЗТР ЗАПОРОЖЈЕ/ ЛОНДОН
БЕСА/ВИНТЕРТУР - ПЕЛИСТЕР


Во последната сезона од ЕХФ Куп во овој формат, Македонија ќе има три претставника. ЕХФ беше дарежлив со местата во последната сезона, а вистинските последици од промените на форматите на натпреварување клубовите ќе почнат да ги чувствуваат по една сезона. Засега се сите среќни. 

Металург како екипа пласирана директно во треттото коло својот противник ќе го дознае на 15 октомври. 

Потенцијалните противници денеска ги дознаа Пелистер и Бутел Скопје. 

Бутел Скопје може да се подготвува за пат во Украина. ЗТР Запорожје ќе биде нивниот следен противник. ЗТР за противник го има Лондон и тешко дека лондонските доги ќе  успеат да го елиминираат вториот по квалитет украински клуб. 

Пелистер во второто коло за противник ќе го добие подобриот од дуелот Беса Косово и Винтертур Швајцарија. Би рекле дека и тука е познат исходот и дека Пелистер за противник ќе го добие швајцарскиот претставник Фади Винтертур. 

Првите натпревари од првото коло се играат 31 август. Нашите два претставника првите натпревари ќе ги играат на 5-6 октомври, реванш средбите се една недела подоцна. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk