Куманово во Чешка, Металург во Полска

Со ранкинг на 50 односно 55 место од вкупно 57 екипи, Металург и Куманово не ни можеа да очекуваат дека во ждрепката за ЕХФ Куп ќе добијат полесни противници. 

Двата наши претставника почнуваат од првото коло и натпревари веќе во првата третина од септември. 

Вице-шампионот Куманово прв го доби својот противник, а тоа е Славија Прага од Чешка. И ова можеме да кажеме дека е еден од подобрите исходи. Чешкиот клупски ракомет е речиси на истото аматерско ниво како и кај нас, па тука ја гледаме и шансата на кумановки. 

Металург имаше помалку среќа од Куманово, па за противник ја доби полската екипа Заглебје Љублин.
Треба да истакнеме дека двата македонски клуба, иако зборуваме за двата најдобри македонски клуба се во улога на аутсајдери на овие две средби. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk