Првиот состанок во ЧСМ траел девет часа!

ЧСМ Букурешт, годинава ќе се обиде да излезе од кризата и да го поправи имиџот нарушен со честите промени на тренерите и очајните резултати (гледано од аспект на буџетот, играчите и амбициите). 

Нов тренер ќе имаат сезонава - Томас Риде, 60 годишен Швеѓанец кој летово ја прекина тригодишната пензија за повторно да се врати во Романија. Доаѓа на местото на Драган Ѓукиќ кој беше привремено решение во клубот.

Томас Риде имаше спектакуларен промо викенд во Букурешт. На првиот ден од работата, вчера, го држел целиот персонал на состанок цели девет часа! 

За тие девет часа било дисутирано околу плановите, амбициите, односите во клубот... 

Најголемиот проблем за ЧСМ и натаму се повредите. Кристина Неагу нема да се врати на терен пред октомври, а во процес на рехабилитацијата се и Драгана Цвијиќ, Емилија Омореги, Андреа Лекиќ и Кармен Мартин. 

Составот на ЧСМ Букурешт за следната сезона:
Голмани: Jelena Grubisic, Denisa Dedu, Mădălina Ion
Леви крила: Iulia Curea, Itana Grbic, Bianca Marin
Леви бекови: Cristina Neagu, Claudia Constantinescu, Linnea Torstenson, Gabriela Perianu
Центри: Andrea Lekic, Elizabeth Omoregie
Десни бекови: Nora Mork, Andrea Klikovac
Десни крила: Carmen Martin, Laura Chiper
Пивоти: Crina Pintea, Dragana Cvijic, Oana Jipa
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk