Трансфер на МВП од македонското СП

Македонија беше домаќин на Кадетско Светско првенство во женска конкуренција во 2014 година. Струмица, Скопје и Охрид ги нагостија најдобрите 24 светски репрезентации, а најдобри меѓу нив беа романските ракометарки. 
Каква беше нивната доминација покажува резултатот од 32-21 во финалето против Германија. 

Од таа генерација на ракометарки излегоа неколку познати имиња. Би рекле дека Емили Болк од Германија најдобро напредуваше, а сосема добро и оди и на Романката Кристина Ласло во редовите на Будуќност од Ц. Гора. 

Но, големиот триумф на Романија се базираше на играта на една друга романска ракометарка. Левиот бек со топовски шут - Бјанка Базалиу. Таа беше еден чекор пред сите други ракометарки на тој мундијал. 
Играше во втора романска лига, а беше и неофицијално понудена на ЖРК Вардар кој тогаш склопуваше силен тим. Вардар се реши од мундијалот да ја ангажира Итана Грбиќ. 

ЧСМ Букурешт не остави простор за размислување и веднаш ја ангажираше Базалиу. Но, со „100“ сменети тренери за четири сезони и уште толку од најскапите светски ѕвезди плус Кристина Неагу, за Базалиу и покрај лобирањето како домашен играч да добие поголема минутажа ЧСМ Не се покажа како добра дестинација. 

Конечно, летово, се ослободи од прангите на ЧСМ и следната сезона ќе игра за Корона Брашов каде што ќе биде соиграч на нашата репрезентативка Наташа Нолевска. 
Ќе видиме каква корист или штета беа овие четири години во ЧСМ. Шанса да ја рестартира кариерата, секако ќе има. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk