Звездени тимови со спектакл ќе го испратат Гисласон

Летово, поточно на 26 јули, по 11 години соработка се разделуваат Алфред Гисласон и Кил. Најпознатиот германски клуб организира ол стар натпревар, ревијален меч за кој веќе продаде над 8.000 билети. 

Ќе се сретнат ол стар Алфред и ол стар Кил. Самото читање на составите предизвикува морници. 

Ол Стар Алфред: 
Тренер на тимот ќе бидет Станислав Куличенко, а асистент е му биде Патрекур Јоханесон. 
Учеството го потврдија и Олафур Стефансон, Штефан Кречмар, Бенет Вигерт, Кристијан Годен, Штефан Штиблер, Свен Лисеганг, Герик Кервадек.
Во тимот ќе бидат и Хенинг Фриц, Криштоф Теркрауф, Карол Биелецки, Гжегож Ткачук, Роман Пунгартник, Роберт Гунарсон, Хавиер Хуле, Ведран Зрниќ..

Во ѕвездите на Кил ќе настапат следниве играчи: Штефан Ловгрен, Маркус Алм, Доминик Клајн, Тјери Омејер, Даниел Нарсис, Момир Илиќ, Ким Андерсон, Хендрик Лундстром, Вид Кавтичник, Арон Палмарсон, Андреас Паличка, Даниел Кубеш, Борге Лунд, Игор Аниќ... Николај Јакобсен ќе им биде тренер.
 
Кога вакви два тима ќе се појават на терен, чудо е што се само 8.000 билети продадени,
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk