Котевски пред преселба во Металург

Смената на тренерската позиција во Бутел Скопје не е инстантно и изненадување, туку процес што неколку дена беше актуелен низ ракометните кругови. 

Вчера, конечно, беше разврската по која Игор Котевски замина, а Кристијан Грчевски дојде на местото прв тренер на Бутел Скопје. 

Но, се чини дека и Игор Котевски нема да чека долго за следен ангажман. 

Заинтересирани за неговите услуги се во „Автокоманда“. Металург 2 е во потрага по тренер откако Раде Стојановиќ замина за Охрид. 
Како што неофицијално дознаваме, контакти меѓу Металург 2 и Котевски веќе имало, останува да ја сочекаме и оваа разврска која најверојатно ќе го одведе Котевски на работа во Автокоманда. 

Металург 2, годинава како првак на Првата лига, обезбеди директно учество во Супер Лигата. 

foto: fb/rk butel skopje
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk