Келце ќе потроши меѓу 6.5 и 22 милиона евра за сала

ЕХФ постави нови критериуми за сала во која што ќе можат да се играат натпревари од Лигата на шампионите. Четири години ќе имаат клубовите да ги исполнат тие критериуми, а рокот завршува во 2024. 

Двата најбитни услови се салата да има капацитет +4000 гледачи и да има четири трибини. 

Двете македонски сали, Јане Сандански и Борис Трајковски ги исполнуваат овие услови, но на пример салата во Битола ќе треба да се реновира или можеби поефтина варијанта е да се сруши и да се изгради нова.

Лоша е ситуацијата во Чехов, каде што Олимпискаја, една од најубавите сали во кои се игра ракомет во Европа собира само 3.000 гледачи.
Сличен проблем има и полскиот шампион Келце. Нивната „Легионово“ има капацитет од 3.300, но со монтажните трибини поставени на атлетската патека стигнува до 4.100-200 седишта. 

Градот Келце ќе ја реновира салата Легионово. Вчера беа претставени и четирите варијанти и колку би чинеле. 

Првата варијанта е салата да добие капацитет од 5.000 гледачи и тој ќе чини 6.5 милиони евра.
Втората варијанта е салата да има капацитет од 6.000 гледачи и тој ќе чини 11 милиони евра.
Третата варијанта е салата да има капацитет од 6.000 гледачи, но да ја задржи атлетската патека. Тоа ќе чини 13 милиони евра. 
Последната варијанта е салата да се прошири до капацитет од 7.850 гледачи. Тоа значи бруто буџет од 22 милиони евра. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk