Бутел Скопје има нов тренер!

Екипата на Бутел Скопје, клуб што ќе ја претставува Македонија во ЕХФ Куп заедно со Металург и Пелистер има нов тренер. 

Кристијан Грчевски за прв пат во својата кариера ќе се исправи пред предизвик да води сениорски тим во Супер Лигата. Суперлигашкиот предизвик ќе биде збогатен и со настап во ЕХФ Куп каде скопскиот клуб е меѓу носителите во второто коло. 

Тој во моментов е тренер во стручниот тим на Данило Брестовац во македонските репрезентации и ја подготвува  кадетската репрезентација за настап на Светското првенство во Македонија,

Кристијан Грчевски доаѓа на местото на Игор Котевски, кој заврши добра работа во Бутел Скопје и го доведе до ниво каде што е сега. 
Тоа го прави предизвикот за Грчевски уште поголем, но кој не би посакал предизвик од таков тип во својата кариера.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk