ИХФ го зголеми ростерот за СП 2021

Советот на ИХФ донесе неколку интересни одлуки во пресрет на првиот мундијал што ќе се игра со 32 репрезентации, а тоа е светското првенство во Египет 2021. 
Промените што ќе ги прочитате ќе бидат имплементирани од први јануари 2020 година. 

Репрезентацијата место 16 во ростерот ќе има 18 ракометари. 

Поширокиот список нема да биде со 28 туку со 35 играчи. 

Рокот за пријавување на тие 35 играчи нема да биде еден месец пред СП туку два. 

Место досегашните три замени, за време на СП ќе бидат дозволени пет. 

По секој натпревар, на репрезентацијата и следува задолжителен ден одмор. 

Ако тој ден одмор се поклопува со патување од еден град во друг, ќе се пресметува времетраењето на патувањето. Ако е повеќе од четири часа, нема да се смета како слободен ден, па ќе има уште ден плус. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk