„Ф4“ останува во Будимпешта

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на првиот ден од женското Јуниорско Европско првенство што се одржува во Унгарија, го верификуваше договорот со унгарската федерација за организација на Фајнал Фор турнирот во женската Лига на шампиони. 

Според новиот договор, Фајнал Фор на женската Лига на шампиони и во следните пет години, односно до 2024 ќе се игра во Ласло Пап Арена во Будимпешта.

Будимпешта досега организираше шест Ф4 турнири, сите до еден со позитивна оценка околу организацијата. По принципите од Келн се организира овој турнир. 

Букурешт пред две години најави дека ќе бара организација на Ф4, но Романците повеќе сакаат да најавуваат отколку да реализираат. Требаше да имаат и нова аерна досега, но ништо од тоа. 
Будимпешта, пак дополнително ќе ги модернизира своите сали за Европското сениорско првенство во машка конкуренција што ќе се игра во 2022 година во Унгарија и Словачка. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk