Договор на 39 години за ѕвездата на Кометал

Многу познати и ѕвездени имиња прошле низ македонските клубови и во машка и во женска конкуренција. Но, ретки се тие што имаат „таква' ѕвезда и веднаш стануваат миленици на публиката. 

Турската ракометарка Јелиз Озел (39) е една од нив. Во Скопје дојде во 2004 кога Кометал Ѓ. П., веќе јаваше кон зајдисонцето. Дојде како анонимен играч, стана миленик на сите ракометни фанови. 

Во Скопје остана три години, од 2004 до 2007, тука стана светски позната ракометарка, а потоа како и сите други си замина. Продолжи во Мили Пјанго, па две години одново беше интернационалка, во Влчеа, а потоа си продолжи таму каде што и беше најубаво - во Турција. 

Играше за Ушкудар, Јенимале и Муратпаша. Денеска, екипата на Кастамону се пофали дека направила „специјален' трансфер. 
Јелиз Озел на 39 години доби нов договор и следната сезона ќе ги забавува навивачите на Кастамону.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk