СП Македонија поатрактивно од СП Шпанија

Распоредот на шампионатите во младинските категории ги става во рамки на триесетина дена двете светски првенства, во јуниорска и во кадетска конкуренција. 
Ова со други зборови значи дека освен јунско освежување, нема летен одмор за најдобрите ракометари до 19 години кои често се на списокот на двете репрезентации. 
Од тие причини доаѓаи до откажување, односно до бирање на кое првенство ќе се настапи. 

Летово Јуниорското СП се игра во Шпанија (У21), Кадетското (У19) ќе се игра во Македонија. 

Засега, поатрактивно е кадетското, барем за најголемите кадетски ѕвезди што се дел и од јуниорските состави. Утрово објавивме дека Хаукур Трастарсон од Исланд одби да игра на Јуниорското СП во Шпанија. Веројатно ќе го гледаме во Скопје. 

Денеска иста одлука донесе најголемиот словенечки талент - Домен Макуц. Тој нема да игра за Словенија на СП во Шпанија. Таму Словенците доаѓаат како актуелни европски прваци. 
Домен Макуц, ќе ја води кадетската репрезентација на Словенија на мундијалот во Македонија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk