Мешков се „клонираше“ во СКА Минск

Екипата на Мешков Брест премногу комотно се чувствува во домашниот шампионат и тоа минатата сезона ги чинеше загубен пехар во Купот, смена на тренерот... 

Годинава продолжува по истиот терк. Сигурно тие добро си ги знаат причините, но од страна гледано малку е чудно што прелесно се откажаа од три свои (белоруски) ракометари. 

Минатата сезона капитенот Димитри Нукуленков мораѓе да замине откако дојде Маноло Каденас. Никуленков прибежиште најде во екипата на СКА Минск. Овој клуб со славно минато, сега добива уште двајца капиталци од редовите на Мешков Брест. 

Сергеј Шилович доаѓа во СКА. Не беше мало изненадувањето кога беше објавена веста дека си оди од Мешков. Денеска уште едно познато име потпиша за СКА. Тоа е крилото Денис Рутенка, помладиот брат на славниот Сергеј Рутенка. 

Така СКА Минск сега ги има Шилович, Никуленков и Рутенка од редовите на Мешков Брест. Тоа е гаранција дека годинава Мешков ќе има многу повеќе проблеми и на домашната сцена. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk