Брестовац: Кадетите не одмарале, дојдоа спремни

Машката кадетска репрезентација на Македонија, домаќин на претстојното Кадетско СП (6-18 август) вчера ги почна подоготовките кои во првата фаза ќе се одвиваат во Струга. Првите импресии на стручниот штаб се повеќе од позитивни. 

„Пријатно сум изненаден. Посебно од пристапот на ракометарите. Се гледа дека немале летен одмор и опуштање. Дојдоа сите, дојдоа подготвени. Има добра хемија меѓу нив, долго време се заедно, се познаваат. И физички и психички изгледаат спремни“, вели селекторот Данило Брестовац. 



Репрезентацијата е збогатена и во стручниот дел, а селекторот има зборови само за пофалби. 

„Веќе имаме сериозен стручен штаб. Никола Матлиески и Кристијан Грчевски работат веќе подолго време, а сега го приклучивме и Петар Баснарков како кондициски тренер. Многу сум задоволен од тоа како работи и доколку се биде во ред, планирам да биде вклучен и во работата со А репрезентацијата. 
Го приклучивме и Кире Атанасовски, тој заедно со Раде Стојановиќ се тренери во генерацијата 2004. Во прв момент ни е потребен за анализите, имаме собрано премногу материјали, треба да се разработат и анализираат“, вели Брестовац. 


Струга ги пречека играчите со билборд, гостопримството е уште едно нешто од што Брестовац може само да се фали и заблагодарува. 

„Условите во хотелот се одлични. Немам зборови за гостопримството. Имаме се што ни треба. Сега се фаќамеза работа, имаме два тренинг дневно. На собир имам 23 ракометари, ќе видиме, откако ќе се вратиме во Скопје, можеби ќе го намалиме овој список“.


Репрезентацијата во Струга останува до 17 јули. Во групата на СП сме со репрезентациите на Данска, Бахреин, Нигерија, Аргентина и Јапонија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk