Кил доби покана за Супер Глоуб

Екипата на Кил е деветтата екипа што доби покана од ИХФ за настап на турнирот Супер Глоуб. Турнир што годинава прв пат ја напушта катарската претолнина Доха и се сели во Дамам, во Саудиска Арабија. 

Кил е актуелен победник на ЕХФ Куп и ИХФ имаше досега пракса да ги кани овие победници. Но, годинава со оглед на зголемената заинтересираност од арапско-африканскиот свет, се очекуваше само две европски екипи да бидат на турнирот. Вардар, актуелниот европски првак  Барса, бранителот на пехарот од Доха 2018. 

Со Кил се комплицира и мисијата и на Вардар и на Барса во ловот на големата премија (400.000). Германците имаат силен состав и можат да победат кого било. Настрана што овој турнир е деби за нивниот тренер Филип Јиха и многу работи внатре во нивниот клуб ќе бидат подредени кон тоа да стартува со успех. 

Њујорк САД од Северна Америка и Кариби, Таубате Бразил од Јужна и Централна Америка, Сиднеј Австралија од Океанија се уште три континентални претставници. 

Замалек Египет е претставник на Африка, Ал Духаил Катар е претставник на Азија и плус домашна екипа што треба да биде именувана (Ал Вахда би требало да биде). Последното десеттото место е вајлд карта, за која конкурураат неколку екипи, според нас најголеми шанси има Ал Ахли од Египет или вториот домашен тим.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk