Одби да оди на СП Шпанија, се мисли за СП Македонија

Ракометниот свет со нетрпение го очекува стартот на Јуниорскиот мундијал (У21) во машка конкуренција што ќе се одржува во Шпанија од 16 јули. 
Најдоброто од целиот свет ќе биде на собир, младите ѕвезди што блеснаа минатото лето на ЕП Словенија, сега веќе имаат и поголем стаж, веќе се направени и првите големи трансфери. 

Но, нема да ги видиме сите ѕвезди на мундијалот. Новиот играч на ПСЖ, Пранди се повреди и ќе отсуствува. Ќе отсуствува и најбараниот млад играч - Хаукур Прастарсон од Исланд. Иако има само 18 години, веќе се чувствува уморно и му треба одмор.

„Морам да мислам на моето здравје. Имав долга и напорна сезона со Селфос, а играв и за репрезентацијата. Понекогаш не се чувствувам среќно. Ми треба малку време за себе, да се рестартирам. Знам дека СП У21 е предизвик за сите, но јас ќе го прескокнам. 
Ќе видиме за СП (У19) во Македонија. Таму можеби ќе играм, тие и се моите врсници“, изјави за Моргунблад, исландскиот бек. 


За услугите на Прастарсон веќе се споменуваат екипи како Кил, Барса итн. Но, тој вели дека и следната сезона ќе ја одигра во Селфос. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk