Струга ги пречека кадетите

Македонската кадетска репрезентација денеска го имаше првиот собир и почна со подготовките за настапот на Светското првенство што од 6 до 18 август ќе се одржи во Скопје. 

Данило Брестовац и неговите асистенти Никола Матлиески и Кристијан Грчевски екипата во поширок состав ја собраа во Струга. Домаќините уште на стартот покажаа дека се ракометен град и дека знаат кој им дошол на гости. 

Подготовките во Струга ќе траат една недела, до 17 јули. Потоа екипата се враќа во Скопје. 

Македонија е домаќин на СП, а во групата за противници ги има репрезентациите на Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk