Грузиски супер-талент потпиша за Металург

Металург ќе има најмалку двајца грузиски репрезентативци во своите редови следната сезона. Покрај Реваз Чантурија, во редовите на македонскиот вице-првак се сели и Иракли Кбилашвили (21). 

Кбилашвили важи за еден од најперспективните грузиски ракометари во моментов, заедно со Чковербадѕе кој веќе потпиша за Монпеље и играчите што имавме можност да ги видиме во Македонија (Оројникидѕе, Цицијашвили и Дикаминџија).
Игра на позиција централен бек и оставил одличен впечаток на Emerging Nations, турнир што го оргнизираше ИХФ во Грузија. 

Тренерот на Металург, Дамир Стојановиќ беше во Грузија за време на турнирот, имаше шанса и во живо да ги гледа грузиските репрезентативци. 
Кбилашвили оставил најсилен впечаток, а Металург за неговиот потпис морал да се бори со уште неколку клубови. 
Конечно, Кбилашвили потпишал за македонскиот вице-првак и со него во тимот Металург би требало сериозно да ја зајакне бековската линија, особено централната бековска позиција. 

По Милан Поповиќ, Лука Вујовиќ, Раваз Чантурија и Маријан Мамиќ ова е петто странско засилување за Металург. Плус овде е и голмано Даниел Ѓоргески и клубот од Автокоманда полека почнува да заличува на состав што може да се носи со предизвиците за следната сезона. 

Веројатно многу повеќе за околу играчкиот кадар во Металург ќе се занимаваат откако ќе го дознаат противникот за групната фаза во ЕХФ Куп (15 октомври) и за пролетниот дел од сезоната во кој со Работник ќе водат нова битка за втората позиција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk