Унгарија го смени селекторот пред ЕП 2020

Иако тренерското дуо Владан Матиќ и Иштван Чокнаи успеа да ги поправи грешките и пропустите на Љубомир Врањеш и да ја врати Унгарија на светската сцена и уште со шанса за квалификации за ОИ, раководството на федерацијата, во кое е вклучен Ласло Наѓ, реши да не им ги продолжи договорите што истекоа на 30 јуни. 

Така Унгарија добива нов селектор, а тоа е Иштван Гулјаш. Негов асистент ќе биде славниот шпански ракометар, Чема Родригез. 

Гулјаш треба да ја води Унгарија најмалку до крајот на следното ЕП. А во 2022 година, ЕП ќе се игра во Унгарија и Словачка. 
Дали ќе видиме подмладена и жртвувана Унгарија на претстојното ЕП на сметка на тоа во 2022 година, ќе дознаеме за некој месец. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk