Втора победа на Јуниорките во Мостар

Македонија - БиХ   30-28 (15-12)
Македонија: Иљаз, Дамчевска 2, Георгиевска, Трајковиќ 1, Божиновска 1, Трпевска 6, Калајџиоска 7, Тасевска 1, Смајлоска 1, Џатевска 1, Јанкуловска 2, Мицевска, Илиќ, Кипријановска 2, Седлоска 5, Динарица

Женската јуниорска репрезентација на Македонија (У19), по синоќешните 32-26, денеска одново беше подобра од репрезентацијата на БиХ на контролен меч што се играше во Мостар. 

За разлика од првиот, на вториот меч немаше резултатски пресврт. Македонија имаше предност од три гола на полувреме, а потоа ја задржа до крајот. 
И списокот на стрелци на вториот меч е многу поинаков. Тасевска со девет гола доминираше на првиот меч, а на вториот беше стрелец само на еден погодок. 

Затоа, пак, втората средба им се погоди на Калајџиоска Трпевска и Седлоска кои заедно постигнаа 18 погодоци. 

Овие две средби беа подготовка за македонскиот тим за настап на ЕХФ Шампионат во Литванија, каде се во група со домашната селекција, Грузија и Швајцарија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk